РК Еурофарм Пелистер – Европскиот вицешампион пресилен за Еурофарм Пелистер

121
РК Еурофарм Пелистер – Европскиот вицешампион пресилен за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер беше рамноправен на почетокот од натпреварот. Беше 3-3 кога ијелце направи серија од 5-1 и поведе со 8-4. На полувремето беше 18-13 за полскиот тим.

Во вториот дел Киелце дојде до двоцифрена предност која без проблем ја одржа до крајот на мечот за победа од 35-25.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Цехте со седум голови, Пешевски постигна пет, во составот на Кјелце седум гола даде Трастарсон.

Ракомет
Лига на шампиони 2023/24
Група А – Деветто коло

Киелце – Еурофарм Пелистер 35-25 (18-13)

Сала „Легионов“ – Киелце
Гледачи: 3.000
Судии: Иван Касадер и Еурико Никалау

Киелце:
Волф, Валах, Трастарсон 7, А. Душебаев 5, Турна 4, Нахи 4, Олејничак 3, Каралек 3, Виедерни 2, Сургиел 2, Конку 1, Сичко 1, Карачиќ 1, Д. Душебаев 1, Пачковски 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Цехте 7, Тајник 1, Борзаш 4, Танкоски, Радовојевиќ 4, Кузмановски 3, Костески 1, Петровиќ, Петар Атанасијевиќ, Пешевски, Сери, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 минути

Во следното коло, на седми декември, Еурофарм Пелистер го пречекува Загреб.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДали понудената повисока цена на ЕСМ на тендерот кај ЕВН ХОМЕ се должи на партиски вработувања на СДС и ДУИ?
Следно соопштениеПлатформа за ХИВ: Државата мора да ги зголеми инвестициите во превенција и терапијa доколку сака да стави крај на епидемијата на ХИВ до 2030