РК Еурофарм Пелистер – Филип Кузмановски е нов капитен на Еурофарм Пелистер

111
РК Еурофарм Пелистер – Филип Кузмановски е нов капитен на Еурофарм Пелистер

Актуелниот македонски ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, направи неколку промени пред вториот дел од сезоната, а една од нив е доделување на капитенската лента на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Претходно улогата на прв капитен на екипата ја имаше Жарко Пешевски.

Кузмановски во ноември потпиша договор со битолскиот тим, а Еурофарм Пелистер не чекаше долго пред да му додели поголема одговорност во вториот дел од сезоната кога екипата ќе се бори за шампионската титула.

Еурофарм Пелистер вчера го потврди и ангажманот на поранешниот репрезентативец Дејан Манасков, со што дополнително го засили својот состав.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачки: Добро е што Муслиу призна дека неговата сопруга добила грант од 620.000 евра, а за да го добие морала да потпише меморандум по налог на владата
Следно соопштениеУЈП и Лукаревска нека не кажуваат „гачки“- како дозволиле скоро отворена компанија да побарува 11 милиони евра поврат на ДДВ, а истата да плати данок од само неколку илјади евра