РК Еурофарм Пелистер – ФОТО: Легендарниот Анте Костелиќ ги посети ракометарите на Еурофарм Пелистер!

75
РК Еурофарм Пелистер – ФОТО: Легендарниот Анте Костелиќ ги посети ракометарите на Еурофарм Пелистер!

Легендарниот Анте Костелиќ денес беше во посета на спортската сала ,,Боро Чурлевски”, каде дојде да се потсети на сите моменти поминати во неа, а воедно ги посети и ракометарите, на кои им посака среќа за утрешниот натпревар.

„Јас не сакам да зборувам самиот за себе, но одушевен сум што Битола како град и овие луѓе не ме заборавија. Среќен сум што пак се видов со моите момци по толку многу години. Ванчо Јовановски ме дочека на аеродром, тука се моите момци од Битола: Христовски, Јусуфовски, Атаканасовски, Босеовски…

kostelic2

Се потсетивме на нашите убави денови, на нашите победи. Јас го водев Пелистер на 29 натпревари и забележавме 26 победи во лига како југословенската. Не е тоа шега. Ја посетив мојата стара улица „Питу Гули 43“ и се вративме со спомените каде живееме и каде мојот Ивица првпат застана на скии. Полн сум со емоции по ова мое враќање во Битола“, рече Анте Костелиќ.

86-годишникот доби признанија и признанија од ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, скијачкиот клуб Пелистер, а и Сојузот на спортови.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенот во 60 секунди-Рекордни милијарда евра инвестиции за изминатата година, 255 уреди за почист воздух во јавните установи и корпоративен данок кој останува во земјава
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Раул Алонсо: Динамо Букурешт е моќен тим, но и ние на домашен терен игравме моќно (ВИДЕО)