РК Еурофарм Пелистер – Гарабаја: Лесно се игра со ваква поддршка, победивме и без нашето најдобро издание (ВИДЕО)

54
РК Еурофарм Пелистер – Гарабаја: Лесно се игра со ваква поддршка, победивме и без нашето најдобро издание (ВИДЕО)

За првпат во историјата на Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го совлада поранешниот европски првак Загреб. По победата од 25-23 во Битола дуелот го анализираа двајцата тренери.

Рубен Гарабаја
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Многу луѓе ми зборуваа за атмосферата тука, ама додека не ја почувствуваш лично – не знаеш каква е магијата во оваа сала. Многу е лесно да се игра тука со ваква поддршка. Не требаше да бидеме во таква позиција на крајот од средбата. Многу е важно да победуваме во натпреварите кои се клучни за нас во групата. Знаеме дека ова не е нашето најдобро ниво, можеме многу да напредуваме и фокусирани сме на тоа. Мораме да размислуваме од натпревар во натпревар, следен е ПСЖ, но секогаш мора да уживаме и во победата. Вечерва уживаме, ама веќе од утре се фокусираме на дуелот во Париз. Имаме натпревар од домашното првенство, а и таму секој е важен и мора да ја исполниме задачата.

Андрија Николиќ
(тренер на Загреб)

Знаевме дека ќе наидеме на цврст ривал, со голема желба за победа и огромна поддршка од трибините. Овој терен ќе биде многу тежок за сите ривали во нашата група, мислам дека многу екипи добро ќе се испотат за бодовите. Имавме добри моменти во мечот, кога водевме со два гола разлика имавме шанса да побегнеме и на +3, но домашниот голман малку ни го смени планот. Еурофарм Пелистер имаше малку повеќе среќа, но и умешност во клучните моменти. Нашиот тим ќе расте уште повеќе, целта не ја менуваме. Што се однесува до Еурофарм Пелистер, очекувам и тие да бидат подобри со текот на сезоната.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Крилата непогрешливи, Еурофарм Пелистер лесно го надигра Пролет
Следно соопштениеАпасиев очигледно има две лица, едно со кое игра чесен политичар пред граѓаните, друго кое зема народни пари или 700 илјади денари за лични потреби