РК Еурофарм Пелистер – Гарабаја: Загреб има нова мотивација со новиот тренер, но ние сакаме победа (ВИДЕО)

56
РК Еурофарм Пелистер – Гарабаја: Загреб има нова мотивација со новиот тренер, но ние сакаме победа (ВИДЕО)

Последниот натпревар во Лигата на шампионите за Еурофарм Пелистер оваа година е гостувањето во Хрватска и дуелот против Загреб. Со комплетен ростер и голема желба за реакција ракометарите и стручниот штаб отпатуваа на хрватско тло. Пред летот за новинарите зборуваа тренерот Гарабаја и младиот повратник Ристевски.

Рубен Гарабаја
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Имаат голема мотивација откако добија нов тренер. Одиграа одлично во Сегед, цврст тим се, не се откажуваат никогаш. Ќе биде тежок меч, и тие се надеваат на победа против нас. Имаме тежок распоред сега, за разлика од некои полесни мечеви минатиот период. Времето е кратко, но се подготвуваме најдобро што можеме. Следуваат важни натпревари и сакаме да се претставиме во посакуваното светло. Играме и во првенството и во Лигата на шампионите, но не смееме да се жалиме. Ќе имаме кратка пауза пред дуелот со Загреб, го знаеме тоа. Сепак, ќе одиме да одиграме квалитетно и се надеваме на победа.

Самоил Ристевски
(РК Еурофарм Пелистер)

Физички се чувствувам одлично. Благодарност до сите во тимот за поддршката во тешкиот период. Имав минутажа на последните натпревари, сакам да играм подобро и да го докажам мојот квалитет. Се подготвуваме за Загреб, гледаме видеo-анализа, тренираме напорно и се надеваме на најдоброто. На секој меч одиме на победа, така ќе биде и овој пат. Загреб е одлична екипа, во Лигата на шампионите нема лоши тимови. Ќе одиме да извојуваме победа и се надевам дека ќе успееме во нашата намера.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПендаровски говори изминативе 7 години про-руското влијание било зголемено во Македонија, тие години СДС и ДУИ беа на власт
Следно соопштениеСЕЛЕКТОРОТ ЛАЗАРОВ ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА ПРЕТСТОЈНОТО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО EHF EURO 2026 ВО ДАНСКА