РК Еурофарм Пелистер – Хосни донесе бод од тешкото гостување во Автокоманда

51
РК Еурофарм Пелистер – Хосни донесе бод од тешкото гостување во Автокоманда

Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер го одиграа второто дерби во третото суперлигашко коло, а мечот во „Автокоманда“ по голема битка и неизвесност, заврши со нерешен исход, со резултат 33-33 (15-14). Алкалоид со два гола предност влезе во финишот, но тогаш првакот се разбуди. Прво преку Тајник реализираше за 33-32 за да потоа пред звукот на сирената реализира и Хосни за реми на ова соочување.

Екипата на Рубен Гарабаја настапи без повредените Абутовиќ, Ристевски и Кузманоски, а само неколку минути доби повратникот Хаидарирад.

Тордарсон беше прво име кај „сино-белите“ со седум реализации, а Кузмановски постигна десет гола за битолчани.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Трето коло:

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 33-33 (15-14)

Спортска сала: „Автокоманда“ – Скопје
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Алкалоид:
Кизиќ, Галевски, Тордарсон 7, Маркоски, Серафимов 5, Карасманакис, Стојковиќ, Ѓоргиев 2, Велковски 1, Симоноски 1, Ивановски 1, Костески 3, Петковски 1, Митев 6, Борзаш 5, Аларов 1
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Хеидарирад Манасков 6, Цехте 1, Хакбарт 6, Тајник 4, Валид 2, Хенигман, Радивојевиќ, Кузмановски 10, Калајџиески, Петар Атанасијевиќ, Пешевски 1, Хосни 2, Павле Атанасијевиќ 1
Седмерци: 8/7
Исклучувања: 12 минути

Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер на домашен терен го пречекува тимот на Струга.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Цехте: Данците играат многу брзо, но да направиме тоа да не им биде доволно (ВИДЕО)
Следно соопштениеИ Крмов на листата со над 270 илјади денари од партиската каса на Левица, по Апасиев, Мециновиќ и Мојсоска, дали и тој бил сметководител?