РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 ќе се борат за Супер Куп трофејот – Ракометна Федерација на Македонија

137

На 06.09.2023 (среда) во Спортска сала „Парк“ во Струмица ќе се одигра Супер Куп натпреварот помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961.

Шампионот за натпрварувачка сезона 2022/23, екипата на РК Еурофарм Пелистер од Битола, ќе се сретне со освојувачот на Куп на Македонија за сезона 2022/23, тимот на РК Вардар 1961 од Скопје.

Двете екипи минатата сезона се сретнаа во финалето од Супер Куп на Македонија што се играше во Охрид во Спортската сала „Билјанини извори“, а на таа средба славеше РК Еурофарм Пелистер со резултат 23:22.

Натпреварот ќе се емитува во живо на МРТ.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВладата на Ковачевски е криминална, пораките се дека треба реформи, а не уставни измени, кои и така нема да се случат
Следно соопштениеГрадоначалникот Костадинов ги награди струмичките пожарникари со бесплатно паркирање на нивните семејни возила – Општина Струмица