- Детали
-
РК Еурофарм им ги честита настапите за своите национални репрезентации на нашите професионалци. Покрај беспоштедната борба и позитивното претставување во дресот со државниот грб, нашите ракометари достојно го претставија и нашиот клуб ширум светот.
![]()
– Калифа Гедбан со алжирската репрезентација го освои второто место на Африканскиот Куп на нации во Египет
– Урбан Лесјак и Нејц Цехте со словенечката репрезентација го освоија шестото место на Европското првенство во Германија и ќе играат во олимписките квалификации
– Жарко Пешевски, Петар Атанасијевиќ, Ненад Костески, Филип Кузмановски и Марко Кизиќ со македонската репрезентација го освоија седумнаесеттото место на Европското првенство во Германија
– Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ со српската ракометна репрезентација го освоија деветнаесеттото место на Европското првенство во Германија.
![]()


