РК Еурофарм Пелистер – IN MEMORIAM: Почина поранешниот ракометар и тренер на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ

6
РК Еурофарм Пелистер – IN MEMORIAM: Почина поранешниот ракометар и тренер на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ

Денешниот ракометен ден започна со најлошата можна вест. Ненадејно нѐ напушти еден од најракометните ликови во поновата историја, наш поранешен играч и тренер и култен лик во секоја пора на македонскиот ракомет. Смртта на Александар Јовиќ е голем удар за РК Еурофарм Пелистер, за целото наше ракометно семејство, за ракометна Битола, за навивачите.

Јовиќ беше шампион на Македонија како играч и како тренер во нашите бои, вгради голем труд во развојот на клубот и тимот и секогаш ќе биде запаметен како еден од творците на нашиот процес. Сепак, најмногу ќе го паметиме како мирен и работлив човек, неразделно поврзан со ракометот и спортот и голем и верен пријател.

Јовиќ беше и поранешен македонски репрезентативец како дел од генерацијата која го вивна македонскиот ракомет на европската и светската сцена.

Почивај во мир Ацо..



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМакедонија беше окупирана од партиски послушници и роднини на СДС
Следно соопштениеДенес настапија сноубордистите на ЕМОФ Бакуриани 2025