РК Еурофарм Пелистер – Историски рекорд на Петар Атанасијевиќ, Еурофарм Пелистер го декласира Шампион

118
РК Еурофарм Пелистер – Историски рекорд на Петар Атанасијевиќ, Еурофарм Пелистер го декласира Шампион

Ракометарот на Еурофарм Пелистер Петар Атанасијевиќ одигра неверојатен натпревар и во Купот на Македонија против Шампион постигна 32 гола (57-16). Младинскиот македонски репрезентативец имаше ден кој долго ќе го памети бидејќи вистинска реткост е да се постигнат голку голови на еден натпревар.

Посебно е интересно што во второто полувреме мрежата на Шампион ја тресеше дури 23 пати, девет пати беше прецизен во првиот дел.

Со овие три гола Атанасијевиќ постави рекорд во машка конкуренција. Рекордот до денес го држеше Златко Димитровски кој во дресот на Тиквеш постигна 31 гол.

processed 231ad296 45ee 4869 a394 43ff7cba72bc r0nvme2M

Ракомет
Куп на Македонија 2023/24
Прво коло

Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16 (26-3)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Глеедачи: 500
Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Тајник, Борзаш, Танкоски 1, Радивојевиќ, Кузмановски, Костески 10, Нилсен 5, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 32, Ѓорговски 2, Васиљев, Пав. Атанасијевиќ 4, Стевановиќ
Седмерци: /
Исклучувања: 2 минути

Шампион:
Христов, Дамчевски 1, Богоeвски 3, Белчевски, Бадаревски, Огненовски 6, Вренцоски 1, Петроски, Дебрешливоски 2, Сибиновски 1, Мирчевски 2, Трајковски, Перчуклиевски, Билбиловски, Чивлачки
Седмерци: 2/1
Исклучувања: /

Последниот официјален натпревар оваа година Еурофарм Пелистер ќе го одигра во вторник против соседот Прилеп на гостински терен.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС и за премиерската фотелја се пазари, слугата Ковачевски ќе стане за да седне стопанот од ДУИ, Талат
Следно соопштениеНов скандал ги тресе ДПМНЕ и Мицкоски, претседател на МК фатен со кокаин!