РК Еурофарм Пелистер – Иван Велески доби награда за одличната сезона: Професионален договор и место во ростерот на Еурофарм Пелистер 2

65
РК Еурофарм Пелистер – Иван Велески доби награда за одличната сезона: Професионален договор и место во ростерот на Еурофарм Пелистер 2

Најмладиот тим во Суперлигата за сезоната 2025/26, Еурофарм Пелистер 2, го комплетира ростерот со кој ќе игра натпревари за бодови од септември годинава. Еден дел од тимот ќе бидат момци кои се дел од младинската екипа, која го освои четвртото место во првото издание на младинската Лига на шампиони.

Во тој правец е новиот четиригодишен договор на кружниот напаѓач Иван Велески. Ова 17-годишно момче го потпиша првиот професионален договор со својот матичен клуб и од крајот на овој месец ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на почетокот на подготовките. Се работи за корпулентно момче, високо 190 сантиметри, кој се истакна во младинскиот шампионат на Македонија и на меѓународна сцена и сега првпат ќе добие шанса во сениорскиот ракомет.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Капитенот Филип Кузмановски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер!
Следно соопштениеЗемјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци