РК Еурофарм Пелистер – Јовиќ: Ги сакам Битола и овој клуб, само сплотени ќе ги оствариме целите!

115
РК Еурофарм Пелистер – Јовиќ: Ги сакам Битола и овој клуб, само сплотени ќе ги оствариме целите!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија убедлива победа (37-29) над Татран Прешов во првиот четврт-финален дуел од СЕХА лигата. Битолскиот тим треба да патува и на реванш во Словачка, но тренерот Александар Јовиќ е задоволен од играта и триумфот.

„Имавме одличен ангажман во фаза на одбрана, бевме агресивни, ги затворивме сите нивни акции што ни донесе ленси голови во транзиција. Голема благодарност до играчите за ангажманот и желбата за победа што ја покажаа против квалитетен ривал“, рече Јовиќ кој ја замоли публиката за поддршка во следните два месеци во битките кои ги очекува битолските „зелено-бели“.

„Сакам да искажам благодарност до публиката што дојде до толкав број. Но, би сакал да ги замолам и да им кажам дека нам во овие два месеци ни се потребни сите играчи. Многу ја сакам Битола, го сакам клубот и мислам дека заедно имаме големи шанси да ги оствариме целите. Затоа би замолил овие два месеци да се сплотиме. Хосни ни е потребен како играч, и моја молба до публиката е да ни даде поддршка и јас ветувам дека нема никој да ги изневери“, изјави Александар Јовиќ.

По доаѓањето на Јовиќ и Шундовски, Еурофарм Пелистер славеше на сите домашни натпревари.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Хенеберг: Ова е начинот како треба да играме до крајот на сезоната
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Татран надигран во Битола. Еурофарм Пелистер обезбеди +8 пред реваншот