РК Еурофарм Пелистер – Кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески потпиша за Еурофарм Пелистер 2

139
РК Еурофарм Пелистер – Кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески потпиша за Еурофарм Пелистер 2

Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирање за сезоната 2023/24. Нов член на нашиот клуб е кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески. Се работи за 19-годишен среден бек, роден во Струга, кој во Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од словенечкиот клуб Слован Гросист.

Се работи за момче со огромен простор за напредок, висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми. Со неговото доаѓање продолжува составувањето на компетивен млад тим, кој ќе има што да каже во Суперлига. Мирче Калајџиески потпиша договор на четири години со нашиот клуб“



Извор на соопштението

Претходно соопштениеБогоев: Влезот во ЕУ е концепт на македонизација, а изолацијата е концепт на бугаризација
Следно соопштениеГрадоначалникот Костадинов и членовите на Локалниот младински совет го посетија Стационарот „Лана“ – Општина Струмица