РК Еурофарм Пелистер – Киелце се испоти, но дојде до бодовите во Битола

110
РК Еурофарм Пелистер – Киелце се испоти, но дојде до бодовите во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја пораз во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија од полскиот претставеник Киелце (21:24).
Битолчани имаа многу лош старт и до крајот на полувремето стигнаа до само осум постигнати голови, во ситуација кога на паузата Киелце замина со предност од шест гола.

Еурофарм Пелистер го поправи впечатокот во продолжението, но Кјелце не ја испушти предноста и ја потврди третата победа во групната фаза. Радивојевиќ со шест и Пешевски со четири гола беа најефикасни во редовите на македонскиот претставник, додека кај Киелце, Олејничак го заврши дуелот со пет погодоци.

Ракомет
Лига на шампиони 2023/24 – А група
Шесто коло

Еурофарм Пелистер – Киелце 21-24 (8-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.000
Судии: Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ

Еурофарм Пелистер:
Гедбан. Лесјак, Радивојевиќ 6, Пешевски 4, Борзаш 3, Кузманоски 2, Кисум 2, Тајник 1, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Васиљев 1, Цехте. Танкоски, Костески, Нилсен, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 12 минути

Киелце:
Валах, Блажевски, Олејничак 5, Морито 4, Трастарсон 4, Наи 3, Карачиќ 2, Наи 2, Гебала 2, Турна 1, Каралек 1, Владерни, Конку, Стенмалм
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 10 минути

Во следното шесто коло на групата А на Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер на 16 ноеомври гостува во Унгарија кај ПИК Сегед.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа неправилностите и злоупотребите на онкологија знаеле пациентите и јавноста, а надлежните институции тоа го премолчеле – свесно се толерирал бизнис на грбот и на сметка на животите на пациентите?!
Следно соопштение„Today’s Sport 23“ – Олимписки Комитет на С. Македонија