РК Еурофарм Пелистер – Кил се испоти, но во финишот го „скрши“ Еурофарм Пелистер

134
РК Еурофарм Пелистер – Кил се испоти, но во финишот го „скрши“ Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер – Кил 20-23 (9-11)

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер загуби од германскиот шампион Кил со 20-23 во мечот од третото коло во Лигата на шампиони. За разлика од првите два меча кои ги загуби убедливо, Еурофарм Пелистер одигра храбро и покажа дека не случајно е дел од елитното друштво.

Одбраната беше таа која доминираше и на двете страни, па и малиот број на голови во двете полувремиња говори за тоа. Кил го доби првиот дел до 9-11, а во второто полувреме битолчани успеаја да се вратат комплетно, па и во неколку наврати имаа напади за водство.

На 19-19, битолчани останаа со играч помалку, по што следуваше серија од 0-3 за Кил и решение на победникот на мечот. Радивојевиќ постигна пет гола, Цехте четири, додека по три погодоци постигнаа Пешевски и Петар Атанасијевиќ.

Еурофарм Пелистер – Кил 20-23 (9-11)

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 3000
Судии: Бркиќ и Јусуфхоџиќ од Швајцарија

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Цехте 4, Кузманоски 1, Тајник 1, Кисум2, Борзаш, Танкоски 1, Радивојевиќ 5, Костески, Петровиќ 1, Петар Атанасијевиќ 2, Василев, Пешевски 3, Сери, Павле Атансијевиќ
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути

Кил:
Беласен, Мрква, Дувњак 1, Рајнкинд, Ландин 1, Оверби 1, Винцек 2, Екберг 5, Фаус, Јохансон 1, Дамке 1, Гурбиндо 1, Валиниус 3, Билик 1, Пекелер 1, Скипаготу 5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути

Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер на 12 октомври гостува во Париз против ПСЖ.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеВладата да не молчи и да даде одговор пред јавноста, дали со потписот на Артан Груби, бугарската мафија влегува на голема врата во Македонија?
Следно соопштениеЌерката директорка на клиника давала милиони евра на веледрогеријата на таткото и око не им трепнува – секој ден нов скандал во здравството