РК Еурофарм Пелистер – Кисум: Бевме уморни, но честитки за моите соиграчи за важната победа

110
РК Еурофарм Пелистер – Кисум: Бевме уморни, но честитки за моите соиграчи за важната победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа првата победа во новата сезона на СЕХА Газпром лигата, откако на свој паркет во салата „Боро Чурлевски“ ја совладаа Војводина со 30-25 (14-12).

На прес-конференција по натпреварот зборуваа тренерот и најдобриот стрелец на пелистерци.

Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Да одиграш четири натпревари во осум дена не е лесно. Сепак, покажавме добар перформанс и многу важна победа, два дена по нашата европска катастрофа. Креиравме нов тим среде сезона, бевме надвор од ритам и мораме пак да го пронајдеме патот кон победите.

Каспер Кисум
(РК Еурофарм Пелистер)
Бевме навистина уморни, игравме уште еден исцрпувачки меч пред само 48 часа. Честитки за Војводина, тие одиграа навистина квалитетен натпревар, дури и со овој значително подмладен тим. Ние за два дена играме повторно и мораме да се концетрираме на следниот предизвик, нема многу време за одмор.

Ова е своевиден реванш за битолчани по поразот во Нови Сад со 29-24.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЛихвобанкарите остварија рекордни половина милијарда евра приходи од камати, провизии и недоместоци
Следно соопштениеВАРДАР – ПРОЛЕТ – RK VARDAR 1961 I Official site