РК Еурофарм Пелистер – Костески блесна со десет гола, Еурофарм Пелистер убедливо го надигра Пролет

3
РК Еурофарм Пелистер – Костески блесна со десет гола, Еурофарм Пелистер убедливо го надигра Пролет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфално ја завршија оваа календарска година, откако во последниот меч во декемвриската програма како гости го совладаа тимот на Пролет со 23-37. Битолчани одиграа квалитетен меч во кој целосно го контролираа резултатот, освојувајќи заслужени бодови со кои остануваат во трката за првото место во Суперлигата пред почетокот на плеј-офот.

Избраниците на Раул Алонсо беа предводени од Цветан Кузмановски, Павле Атанасијевиќ и Ненад Костевски, кои го завршија мечот со по шест, односно десет погодоци.

Пелистерци ја забележаа четиринаесеттата победа сезонава, додека Пролет останува на учинок од пет триумфи, четири нерешени средби и шест порази. За суперлигашите следува зимската пауза, а возбудувањата ќе продолжат на почетокот од февруари следната година.

Ракомет
Суперлига 2024/25
16. коло

Пролет – Еурофарм Пелистер 23-37 (13-17)

Спортска сала „Македонско сонце“ – Скопје
Гледачи: 300
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Пролет:
Даскаловски, Петковски, Тотиќ, Димитриевски, Глигоров 4, Василевски, Додевски 3, Шилегов, Донев 1, Андоновски 5, Баккар 2, Мајнов 3, Стојановски 4, Младеновски, Палевски 1, Спасовски
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Цехте 2, Ристевски 3, Кузманоски 6, Тајник 2, Борзаш 2, Радовојевиќ, Кузмановски 10, Костески, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ 1, Пешевски 2, Хосни 3, Пав. Атанасијевиќ 6, Мамдух
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути

Шампионатот на Македонија продолжува на 8 февруари 2025 година со дуелот на Еурофарм Пелистер против Куманово во Битола.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПочитување на иновациите и воспоставување на висок квалитет-Признанија македонски квалитет 2024
Следно соопштениеСПОРТСКИ ФОРУМ 2024