РК Еурофарм Пелистер – Крилата доминантни, Еурофарм Пелистер до врв ја наполни мрежата на Куманово

66
РК Еурофарм Пелистер – Крилата доминантни, Еурофарм Пелистер до врв ја наполни мрежата на Куманово

Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа против Куманово со 46-26 во првиот меч од Суперлигата во 2025 година. Куманово парираше само на почетокот, кога резултатот беше 4-4, по што битолчани ја преземаа контролата и на полувреме заминаа со предност од 25-12. Домашниот тим во Битола не му дозволи на ривалот да биде ниеднаш конкурернтен и славеше со убедлива разлика. Тренерот Раул Алонсо им даде шанса на сите ракометари да настапат, a разликата меѓу двата тима беше евидентна.

Богдан Радивојевиќ со единаесет гола беше прво име во таборот на победникот, а одличен беше и Костески со осум погодоци. Кај поразениот Куманово, Да Силва и Филипе постигнаа по пет гола.

Ракомет
Суперлига 2024/25
17. коло

Еурофарм Пелистер – Куманово 46-26 (25-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 800
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Еурофарм Пелистер:
Н. Митревски, Ивиќ, Ристевски 1, Кузманоски 3, Тајник, Борзаш 2, Радивојевиќ 11, Кузмановски 6, Костески 8, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ 4, Пешевски 1, Хосни 2, Хаџиќ 1, Пав. Атанасијевиќ 4, Мамдух 3
Седмерци: 2/2
Исклучување: 4 минути

Куманово:
Трајковски, Димевски 2, Жоао Виктор 2, Димитров 1, Цветковски 3, Јакимовски 1, Стојановски, Миладиновски 1, Лазаревски, Хен 6, Крстаноски 1, Матачиќ 1, Гиљерме 5, И. Митревски, Симоноски 3, Михајловски
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути

Во следното 18. коло, следниот викенд, Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС правосудството го претвори во алатка за заштита на поединци, да не беше така Филипче немаше слободно да се шета, а кабелот да е крив за модуларната во Тетово
Следно соопштениеНов двегодишен договор за Мигел Еспиња Фереира