РК Еурофарм Пелистер – Кузмановски го наполни голот на Бутел, втора плеј-оф победа за Еурофарм Пелистер

106
РК Еурофарм Пелистер – Кузмановски го наполни голот на Бутел, втора плеј-оф победа за Еурофарм Пелистер

Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 24-28 (12-15)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа втората победа во плејофот во Суперлигата, прва на гостински терен и тоа против составот на Бутел кого го совладаа со 24-28 (12-15). Домашниот тим се бореше и обидуваше да се носи со актуелниот првак, меѓутоа тоа не беше доволно за да се изненади составот од Битола кој го имаше последниот збор во двете полувремиња и со посакуваниот резултат го напушти Скопје.

Кузмановски со десет погодоци беше прв стрелец кај Еурофарм Пелистер, додека кај Бутел е со осум погодоци се истакна Николов.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф (второ коло):

Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 24-28 (12-15)

Спортска сала „Антон Димитров“ – Скопје
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

Бутел Скопје:
А. Стојановски, Спасовски 2, Субашевски 6, Андреевски 2, Пејкоски, Т. Стојановски, Ѓеоргивски 1, Николов 8, Крстевски, Каевски, Блажевски 1, Јефтиќ 3, Стојанов, Михајловиќ 1, Цветковски, Давитковски
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Цехте, Кузманоски 3, Тајник 1, Пиеховски, Борзаш 3, Танкоски, Радивојевиќ, Кузмановски 10, Костески 1, Петровиќ 4, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 2, Васиљев 1, Пешевски 2
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 12 минути

Во следното трето коло Еурофарм Пелистер го пречекува тимот на Охрид.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ изгради и обнови над 1510 километри пат, ДПМНЕ правеше споменици и стиропор
Следно соопштениеМВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?