РК Еурофарм Пелистер – Кузмановски претставен во Битола, ќе го носи дресот со број 18

109
РК Еурофарм Пелистер – Кузмановски претставен во Битола, ќе го носи дресот со број 18

Неговото враќање дома е прекрасна вест за нашиот клуб и нашиот град. Филип Кузмановски денес официјално беше претставен како нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Тој позираше во зелено-белиот дрес со број 18, во друштво на спортскиот директор и тренер на екипата, Бранислав Ангеловски.

Кузмановски пред медиумите, партнерите, спонзорите и пријателите на клубот го изрази задоволството од враќањето во својот матичен клуб.

Клубот го пријави Филип Кузмановски за натпреварите во Лигата на шампионите и негово деби се очекува в среда против ПИК Сегед во Битола.

1700487030039



Извор на соопштението

Претходно соопштениеВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа како евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС
Следно соопштениеШилегов: Од ДПМНЕ нема политика за државен интерес, туку политиката ја сведе на инаетење