РК Еурофарм Пелистер – Леонид Лозановски го потпиша првиот професионален договор со матичниот клуб

63
РК Еурофарм Пелистер – Леонид Лозановски го потпиша првиот професионален договор со матичниот клуб

Најталентираните млади ракометари на Еурофарм Пелистер, кои беа дел од јуниорската екипа која сезоната ја заврши како четвртопласирана во Европа добиваат професионални договори со клубот. По Стефан Лазаревски и Андреј Дамчевски на долга верност со матичниот клуб се обврза и Леонид Лозановски.

Левото крило во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2.
Лозановски беше дел од шампионската генерација во кадетска и вицешампионската во младинскa конкуренција, како и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите за млади категории.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво
Следно соопштениеФилипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво,