РК Еурофарм Пелистер – Михаил Петровски нов тренер на Еурофарм Пелистер 2

159
РК Еурофарм Пелистер – Михаил Петровски нов тренер на Еурофарм Пелистер 2

РК Еурофарм Пелистер 2 ја ивестува јавноста дека за нов тренер на екипата е назначен Михаил Петровски, долгогодишен ракометар на нашиот клуб, а во последните неколку години тренер во школата на клубот. Минатата сезона оствари успех со кадетската екипа на клубот, која го освои третото место на завршниот турнир во Скопје. 39-годишниот Петровски ќе го наследи Александар Зарков, кој си замина на истек на договорот.

Петровски долги години го носеше дресот на нашиот клуб, играше на позицијата десен бек, а еден период беше и капитен на екипата. Покрај за матичниот клуб, Петровски настапуваше и за Констанца, Архус, Рингстед, Балатонфуреди, Дабас, Валанс, Ал Калеј…

На крајот од месец јули Петровски ќе ги започне подготовките за новата сезона. Тогаш и официјално ќе биде претставен пред медиумите.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски на средба со новоименуваниот амбасадор на Полска, Гжелчик: Европските интеграции на Македонија не смее да се базираат на двојни стандарди и целосно мора да се почитуваат вредностите утврдени со Копенхагеншките критериуми
Следно соопштениеПотпретседателот Битиќи до пратеничката Сиљановска-Давкова: За ВМРО-ДПМНЕ уште една различност е проблем во нашето општество, а тоа е можноста да го зборувате својот мајчин јазик