РК Еурофарм Пелистер – Мирче Калајџиески од Еурофарм Пелистер 2 се сели во Еурофарм Пелистер

56
РК Еурофарм Пелистер – Мирче Калајџиески од Еурофарм Пелистер 2 се сели во Еурофарм Пелистер

Како и претходните години и ова лето најдобрите млади ракометари од нашата развојна екипа ќе бидат прекомандувани во шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер. „Мозокот“ на Еурофарм Пелистер 2, екипа која без пораз се промовира во суперлигаш, Мирче Калајџиески е нов член на Еурофарм Пелистер.

Мирче Калајџиески има 21 години, роден во Струга, а во Битола дојде од словенечкиот клуб Слован Гросист. Висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.

Калајџиески на крајот од јуни ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер за подготовките за сезоната 2025/26.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеВМРО-ДПМНЕ му одговара на честитката на Заев до Ципрас по повод Преспанскиот договор во една реченица: Она со кое паметниот се срами, недоветниот се гордее
Следно соопштениеДенот во 60 секунди – Забрзување на изградбата на автопатите, целосно пуштање на Кичево-Охрид до крајот на 2026