РК Еурофарм Пелистер – Митревски несовладлив, Еурофарм Пелистер го освои Охрид и го запоседна второто место

50
РК Еурофарм Пелистер – Митревски несовладлив, Еурофарм Пелистер го освои Охрид и го запоседна второто место

Еурофарм Пелистер издвојува голема победа над ГРК Охрид од 22-25 (10-16) во дерби средбата од 9. коло од плеј-офот во Суперлигата. Со оваа победа тимот на Алексо Лембанов сам од себе зависи за освојување на второто место и пласман во Европската лига на ЕХФ.

Ова беше исклучително важен меч за двете екипи, директна битка за второто место на табелата и битка во која подобро се снајдоа гостите од Битола и ја освоја салата „Билјанини Извори“.

Ланскиот шампион има квалитетно прво полувреме во кое го неутрализираше домаќинот и на одмор однесе +6, предност која се покажа како недостижна за „гладијаторите“ во вториот дел. Охрид имаше сериозен проблем со реализацијата, немаше решение за расположениот Никола Митревски и предноста продолжи да расте. Со двата врзани гола на Хосни и Атанасијевиќ стигнаа до 6-12. Охриѓани се мачеа и до 28. минута имаа само седум постигнати гола, а на одмор се замина со 10-16.

Битолчани продолија во ист ритам и на стартот од второто полувреме, поведувајќи со преубедливи 12-20 по погодоците на Кузмановски и на Радивојевиќ. Охрид се приближи на 17-21, но пелистерци искусно го приведоа мечот до крај и заслужено се радуваа на големата победа.

Еурофарм Пелистер го имаше супер расположениот Митревски со дваесет одбрани, додека Радивојевиќ даде девет погодоци.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф – деветто коло

Охрид – Еурофарм Пелистер 22-25 (10-16)

Спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид
Гледачи: 2.000
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски

Охрид:
Блажевски, Пилипович, Стрмљан 1, Ојлески 3, Јагуриновски 1, Иванковиќ 2, Јасихура 5, Ристески, Тасески, Моралес, Савревски 1, Лиапис 2, Ѓукиќ 3, Ќосевски, Прибетиќ 4
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Манасков 3, Видомски 1, Ристевски 1, Тајник, Граховац, Хенигман 1, Радивојевиќ 9, Кузмановски 4, Абутовиќ, Калајџиовски, Пет. Атанасијевиќ 2, Пешевски 1, Хосни 2, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 6 минути

Во последното десетто коло од плеј-офот Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид следниот четврток од 18:00 часот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСпецијалниот пратеник на Радев – Филипче фатен во соработка со Виктор Стојанов од Бугарија со единствена цел прифаќање на бугарските диктати
Следно соопштениеНикако да ја научат лекцијата да не лажат СДС, повторно шират невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси