РК Еурофарм Пелистер – Митревски: Очекувам полна сала и огромна поддршка против Фуксе Берлин

7
РК Еурофарм Пелистер – Митревски: Очекувам полна сала и огромна поддршка против Фуксе Берлин

Еурофарм Пелистер скапо ја продаде кожата и херојски му се спротивстави на ПСЖ среде Париз, но битолчани веќе се насочени кон вториот предизвик во Лигата на шампионите наречен Фуксе Берлин.

Германскиот состав ќе биде гостин во Битола и ќе ја тестира „жешката“ публика во салата „Боро Чурлевски“, а тренерот Бранислав Ангеловски е свесен дека ќе му бидат потребни 16 војници во тимот за да се извојува победа.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Сакам веднаш да испратам повик до нашите верни навивачи. Би сакал натпреварот во Париз да биде само една најава за она што следува в среда. Трибините да бидат полни и сигурен сум дека со нашиот осми, деветти играч можеме да повториме уште еден добар натпревар како тој во Париз и да се надеваме на поволен резултат, а тоа е победа.

Не можам да кажам дали Усама Хосни ќе игра. Тој е три недели надвор од тренажен процес. Даде позитивни сигнали, но далеку е натпреварот. Ни требаат шеснаесет „војници“ за противник како Фуксе Берлин. Сигурно дека ќе треба и тактички, и физички и ментално да бидеме подготвени.

Никола Митревски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Засега подготовките одат во најдобар ред. Го очекуваме вицешампионот на Германија, една од најсилните екипи во Европа и за нас тоа е нова шанса за докажување. Ни претстои прв натпревар на домашен терен, очекуваме полна сала и огромна поддршка од публиката и од „Чкембарите“. Со нив ќе се обидеме да го оствариме она што не успеавме на претходниот натпревар.

Овој натпревар ќе го судат шведските арбитри Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, додека делегат е Гркот Мигас. Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се одигра на 18 септември во салата „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЛетен Камп кој ги поврза срцата на децата без родителска грижа од целиот свет
Следно соопштениеНаместо АД МЕПСО да го одржува стабилен енергетскиот систем и да нема покачување на цената на струјата, недомаќински ги трошело народните пари за донации