РК Еурофарм Пелистер – Митревски потпиша на две години, ќе биде лидер на новиот проект

101
РК Еурофарм Пелистер – Митревски потпиша на две години, ќе биде лидер на новиот проект

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер од натпреварувачката 2024/2025.

Тоа што веќе некое време фановите го посакуваа беше потврдено и од клубот кој ја информораше јавноста дека е постигнат договор со искусниот голман за наредните две сезони.

Ова за Никола е враќање во својата родна Битола и во клубот за кој настапуваше во минатото. Во кариерата тој играше за Металург и Вардар на домашната сцена, а надвор од нашите граници беше во Романија и Португалија од каде и прави кам-бек во Македонија во актуелниот шампион.

Митревски потпиша договор на две сезони во друштво на директорот на клубот Звонко Шундовски.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтефан Богоев да каже како комбе со скапи телефони поминало царина и влегло во Македонија, да не била реакцијата на МВР шверцот ќе бил успешен
Следно соопштениеЕлектроснабдување