РК Еурофарм Пелистер – Младинците на Еурофарм Пелистер вицешампиони на Македонија

61
РК Еурофарм Пелистер – Младинците на Еурофарм Пелистер вицешампиони на Македонија

Ракометарите Еурофарм Пелистер се вицешампиони на Македонија во младинска конкуренција. Во финалната средба од завршниот турнир во Бутел, Мулти Есенс го совлада битолскиот тим со 22-32 (8-17).

Екипата на Фарук Мемиќ и Кире Митревски настапи без повредениот Самоил Ристевски и без најдобриот ракометар Алем Хаџиќ, кој не настапи заради правилото странски ракометари да не настапуваат во младинските категории во домашните натпреварувања.

Во натпреварот за третото место Бутел славеше над Алкалоид со 37-30.

Еурофарм Пелистер следниот месец го чека завршниот турнир на Лигата на шампионите и полуфиналето во Дормаген против ГОГ Гудме.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Владата го заобиколува Законот за јавни набавки, компаниите кои ќе работат се предодредени
Следно соопштениеФилипче: Се најавува затварање на истрагата за Кочани без обвинение за ниеден актуелен функционер