РК Еурофарм Пелистер – Младите пелистерци вторпат поразени во плеј-аутот, загубија на гостувањето во Автокоманда

94
РК Еурофарм Пелистер – Младите пелистерци вторпат поразени во плеј-аутот, загубија на гостувањето во Автокоманда

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го запишаа вториот пораз по ред во плеј-аутот на Суперлигата. По несреќниот пораз во Неготино, екипата на Михаил Петровски загуби во Автокоманда од Мулти Есенс со 32-28 (17-15)

По 1-3 за битолчани, домашниот тим со серија од 4-1 поведе со 5-4, а потоа полека успеа да го наметне своето темпо, водеше со 11-7, па 16-11 и 17-11. На другата страна гостите на одморот успеаја да намалат на 17-15. Ова не беше доволно за да се извади од ритам домаќинот, кој поведе со 26-18. Оваа позитива беше доволна да мирен и рутински финиш.

Костовски и Илиески со по седум погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, шест постигна Иваноски, додека прв стрелец на Еурофарм Пелистер 2 беше Мијушковиќ со шест гола.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-аут (четврто коло):

Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 32-28 (17-15)

Спортска сала „Автокоманда“ – Скопје
Гледачи: 100
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски

Мулти Есенс:
Ерманоски, Димевски 4, Костовски 7, Илиевски 7, Настевски, Д: Узунчев 5, Петрески, Трајчев, Омерагиќ, Цветковски, Ивановски 6, Трајковски, Тодески, Т. Узунчев, Јорданов, Стојчевиќ 3
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Маркоски 4, Талевски 1, Митревски, Димовски, Трпчевски, Димитровски 2, Калајџиовски, Пецаковски, Гичев, Ивановски 3, Белистојановски 3, Југовски 4, Мијушковиќ 6, Хаџиќ 5
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути

Во следното петто коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенеска се собирааат потписи за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова, очекувањата се дека истите ќе бидат собрани за еден ден
Следно соопштениеДПМНЕ со Силјановска нудат враќање назад во изолација, далеку од ЕУ