РК Еурофарм Пелистер – Најслабиот Еурофарм Пелистер сезонава загуби во Купот од Охрид

69
РК Еурофарм Пелистер – Најслабиот Еурофарм Пелистер сезонава загуби во Купот од Охрид

Во најважниот натпревар пролетва Еурофарм Пелистер потфрли остана без опции за освојување на Купот на Македонија. Во полуфиналето на завршниот турнир во Струмица, момците на Стевче Алушовски загубија од Охрид со 26-19 (13-7)

Битолчани не беа на посакуваното ниво и успеаја да парираат само во воведните минути, по што тимот на Борис Ројевиќ целосно ја презеде контролата. Охрид со серија сигурни напади постепено ја зголемуваше предноста и на паузата веќе имаше комотни 13-7.

Во продолжението, разликата дополнително растеше и во еден момент достигна и двоцифрени 20-10, што практично го реши победникот. Пелистер се обиде да внесе неизвесност со серија од 4-0 и намалување на 22-16 во финишот, но тоа беше сè што успеа да направи. Охрид брзо ја врати контролата, а серијата на противникот ја прекина Јасихира, кој притоа се здоби и со повреда што е потенцијален проблем за тренерот Ројевиќ пред финалето. До крајот следеше мирна и рутинска завршница за финални 26-19.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Филип Кузмановски кој имаше девет погодоци, а кај Охрид по пет гола дадоа Јагуриновски и Ѓукиќ. Во победничкиот состав се истакна и голманот Пилиповиќ со осум интервенции.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Дебакл на економијата на Мицкоски – странските инвестиции паѓаат, граѓаните со празни фрижидери
Следно соопштениеНе помина обидот на Заев за замолчување да не се зборува вистината за неговите криминали, судот во Струмица се прогласи ненадлежен за неговата тужба