РК Еурофарм Пелистер – Несреќен пораз на Еурофарм Пелистер 2 од борбениот Бутел Скопје

159
РК Еурофарм Пелистер – Несреќен пораз на Еурофарм Пелистер 2 од борбениот Бутел Скопје

Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 24-25 (11-11)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 несреќно загуби со 24-25, во дуелот од деветтото коло на плеј-офот. Босанскиот интернационалец Павле Петровиќ беше шутерски расположен во дуелот со тимот на Грчевски и отвори со шест последователни гола. На одмор се замина со 11-11, но потоа следеа грешките и Бутел Скопје се одлепи на +5. Сепак, Митревски и Петровиќ го вратија тимот на Зарков до 24-24. Сепак, во последниот напад Младеновски со многу голема доза на среќа го постигна голот вреден победа за Бутел Скопје.

За Еурофарм Пелистер 2 се истакна Петровиќ со десет погодоци, а по три постигнаа Ѓорговски, Митревски и Ивановски.

Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (Деветто коло):

Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 24-25 (11-11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 200
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Ангелески, С. Ристевски 2, Х. Митревски 3, Димовски, Димитровски, Талевски 2, Петровиќ 10, Ѓорговски 3, Ивановски 3, Х. Ристевски, Мијушковиќ, Блажевски 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути

Бутел Скопје:
Блажевски, Цветковски, Субашевски, Младеновски 3, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Николов 2, Мојсоски, Спасовски 2, Стојчевиќ 1, Манасков 1, Михајловиќ 2, Мајиќ 12, Давитковски 1, Таневски, Јовевски
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 12 минути

Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 играат второ градско дерби во плеј-офот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеНеуспешните економски политики на оваа Влада ја сместија македонската економија како во воена состојба
Следно соопштениеИ кога се фатени живи не престануваат да лажат, криминалот за коридорот 8 е кај Владата на СДС, Ковачевски и Груби