РК Еурофарм Пелистер – Несреќен пораз за пелистерци во финалето на Купот во Охрид

104
РК Еурофарм Пелистер – Несреќен пораз за пелистерци во финалето на Купот во Охрид

Еурофарм Пелистер несреќно загуби во финалето на Купот на Македонија од Вардар 1961 со 26-25 (16-12), во прекрасниот амбиент во Охрид.

„Црвено-црните“ создадоа предност и од пет голови разлика. Но, Еурофарм Пелистер не се предаваше и успеваше да се доближи. На полувремето вардарци водеа со 16-12.

Вардар водеше и во текот на вториот дел, Пелистер дојде на -1, но скопјани повторно дојдоа до четири разлика. Сепак во финишот од мечот беше драматично. Битолчани дојдоа на само еден негатива, имаа шанса и за изедначување, но не успеаа да постигнат гол. Вардар го доби мечот со 26-25 и го освои пехарот.

Ракомет
Куп на Македонија 2022/23
Финале

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 25-26 (12-16)

Спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид
Гледачи: 2.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 3, Кузманоски 1, Кисум 4, Танкоски 2, Хосни 5, Костески 2, Дејвис, Кукоски, Васиљев, Суси 5, Пешевски 2, Хенеберг, Павле Атанасијевиќ 1, Радовиќ
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути

Вардар 1961:
Томовски, Ристовски, Јагуриновски, Стоилов 1, Аларов 1, Моралес 7, Георгиевски 1, Карапалевски 2, Лазаревски, Талески 6, Фереира Дутра 7, Ѓукиќ, Стојановски 1, Велковски, Мишевски
Седмерци: /
Исклучувања: 2 минути

Најдобри во редовите на Вардар 1961 беа Куни Моралес и Леонардо Дутра со по седум голови, додека кај Еурофарм Пелистер по пет погодоци постигнаа Усама Хосни и Мохамед Суси.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЦК на Левица: НАТО-вската информативна хегемонија ќе биде разбиена, вистината не може да биде запрена
Следно соопштениеКараванот „Рамо до рамо до победа“ во Босилово и Росоман: Воведовме системски решенија за раст на пензиите и минималната плата