РК Еурофарм Пелистер – Нестварен пад во финишот, Еурофарм Пелистер убедливо поразен во Хрватска

118
РК Еурофарм Пелистер – Нестварен пад во финишот, Еурофарм Пелистер убедливо поразен во Хрватска

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележаа петтиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Загреб, домашниот тим го совлада шампионот на Македонија 27-18 (10-10). Нестварниот пад во играта, во последните 16-17 минути го однесе Еурофарм Пелистер во убедлив пораз.

44 минути македонскиот првак беше рамноправен на теренот. Од почетокот двата тима демонстрираа цврстина игра во одбраната и играа во серии, постигнуваа по два или три гола. Од тој момент на средината од вториот дел, Загреб наметна темпо кое Пелистерци не може да го следат. При резултат 16-16 следуваше серија на Загреб 3-0, па 5-1 и го реши прашањето околу победникот.

Најефикасен играч на Еурофарм Пелистер беше Борзаш со три гола, Тајник, Сери, Васиљев, Радивојевиќ и Пешевски постигнаа по два погодоци.

Ракомет
Лига на шампиони 2023/24
А група – петто коло

Загреб – Еурофарм Пелистер 27-18 (10-10)

Спортска сала „Арена“ – Загреб
Гледачи: 5.000
Судии: Даниел и Роберто Аконто Мартинс
Црвени картони: Костески и Петровиќ (Еурофарм Пелистер)

Загреб:
Мандиќ, Грбавац, Кос 5, Кавчиќ 5, Кларица 3, Дибиров 3, Валчак 2, Сиротиќ 2, Чупиќ 2, Фаљиќ 1, Гојун 1, Главаш 1, Моралес 1, Сухолежник 1, Срна, Чавар
Седмерци: 2/2

Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Борзаш 3. Тајник 2, Радивојевиќ 2, Васиљев 2, Пешевски 2, Сери 2, Цехте 1, Костески 1, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1, Кузманоски, Кисум, Танкоски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути

Во следното шесто коло на Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го пречекува Киелце, следната среда во Битола.



Извор на соопштението

Претходно соопштение(ВИДЕО) Важно е да имаме дипломатија со капацитет, законите да важат подеднакво за сите и да нема непотизам
Следно соопштениеКовачевски ветуваше 5% раст на БДП годишно, а годинава ќе завршиме со мизерни 1,8% – убедливо најлош економски резултат во регионот