РК Еурофарм Пелистер – Никола Митревски се враќа дома, потпиша договор на две години со Еурофарм Пелистер

105
РК Еурофарм Пелистер – Никола Митревски се враќа дома, потпиша договор на две години со Еурофарм Пелистер

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ви го претставува првото засилување за сезоната 2024/25. Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следната сезона. Искусниот голман потпиша договор на две години.

Во нашиот тим доаѓа уште еден искусен ракометар, постојан учесник во Лигата на шампионите и роден шампион. По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер. Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар.

Официјалното претставување на Митревски е предвидено во текот на денот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски на средба со бордот на директори на „Македонија 2025“: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реална врз која ќе се креира идниот напредок на државата и ќе обезбеди повисок стандард и иднина
Следно соопштениеМаричиќ: Нема силен европски блок без СДСМ, граѓаните знаат дека ВМРО ДПМНЕ нема план за европските интеграции