РК Еурофарм Пелистер – Нови договори за Павле и Петар Атанасијевиќ

51
РК Еурофарм Пелистер – Нови договори за Павле и Петар Атанасијевиќ

Новата сезона тропа на врата, но нашиот проект се протега многу подолго и затоа размислуваме и за иднината. Двата репрезентативни „бисери“ и наши членови со години наназад, Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите до јуни 2028 годинан и својата иднина ја гледаат во Битола и во шампионскиот тим.

536979166 18396190279189535 1406246026450761022 n

Со овој потпис клубот јасно покажува дека од прогресот и скокот од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер, сака браќата Атанасијевиќ да ги задржи и во нивното целосно созревање, заокружувајќи една деценија во зелено-белиот дрес.

Петар и Павле Атанасијевиќ имаат по 22 години и веќе можат да се пофалат со три шампионски титули и два Суперкупа на Македонија, а зад себе имаат и по неколку големи натпреварувања во дресот на македонската репрезентација.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер и со реми со Динамо Панчево се избори за финале на турнирот во Охрид
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Блескаво второ полувреме, Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Пролет