РК Еурофарм Пелистер – Новиот проект на Еурофарм Пелистер му е доверен на Лино Червар!

8
РК Еурофарм Пелистер – Новиот проект на Еурофарм Пелистер му е доверен на Лино Червар!

Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2026/27 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар. Хрватскиот тренерски маг и официјално е нов тренер и предводник на проектот на Еурофарм Пелистер и се обрвза на двегодишен договор со клубот и најракометниот град.

Не треба да се трошат зборови за тренерската кариера на стручњакот од Умаг. Беше селектор на Италија, Хрватска и Македонија, ги водеше Загреб и Металург, ги освои скоро сите титули со националниот тим на својата земја… Червар во Македонија направи големи работи со Металург и македонската репрезентација, афирмираше многу ракометари, освојуваше титули, а и создаваше зрели личности од своите млади момци. 

Чувствуваме дека ова е вистински момент проектот да му биде доверен на Лино Червар, а со тоа Еурофарм Пелистер да се издигне на уште повисоко ниво од годините на трите шампионски титули и учеството во Лигата на шампионите.

Лино Червар наскоро ќе биде претставен пред јавноста и медиумите.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКаков блам: Следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика
Следно соопштениеПЛЕЈ ОФ – 7 КОЛО: РК ВАРДАР 1961 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР