РК Еурофарм Пелистер – Одлично второ полувреме на Еурофарм Пелистер, но бодовите останаа во Кил

105
РК Еурофарм Пелистер – Одлично второ полувреме на Еурофарм Пелистер, но бодовите останаа во Кил

Кил – Еурофарм Пелистер 29-23 (19-10)

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер претрпе пораз во рамките од 12. коло во Лигата на шампионите откако вечерва на гостувањето кај Кил беа поразени со 29-23 (19-10).

Победникот беше решен уште во првото полувреме кое германскиот тим го одигра фуриозно и не дозволи „пелистерци“ да се понадеваат на некакво изненадување. По првите триесет минути домаќините имаа предност од 19-10. Во второто полувреме Кил можеше да си дозволи и мало опуштање па така македонскиот шампион ја намали негативата на 22-17, сепак тоа беше премалку за некакво изненадување.

Радивојевиќ со шест гола беше најефикасниот кај Еурофарм Пелистер, додека Пешевски мечот го заврши со четири постигнати погодоци. По три гола запишаа Филип Кузмановски, Дејан Манасков и Цехте. Голманот Урбан Лесјак собра тринаесет одбрани.

Ракомет
Лига на шампиони 2023/24
Група А (12. коло):

Кил – Еурофарм Пелистер 29-23 (19-10)

Спортска сала „Шпаркасен Арена“ – Кил. Гледачи. 3.000
Судии: Адам Биро и Оливер Киш

Кил:
Беласен, Дувњак 1, Рајнкинд 1, Ландин 1, Оверби, Вајнхолд, Мрква, Винчек 2, Екберг 3, Јохансон, Дамке 2, Валиниус 2, Билик 3, Пекелер 1, Скипаготу 8, Гурбиндо 4
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Радивојевиќ 6, Пешевски 4, Манасков 3, Цехте 3, Кузманоски 1, Тајник, Пјеховски 1, Борзаш, Танкоски 1, Кузмановски 3, Петровиќ, Ѓорговски 1, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 4 минути

Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер на 28 февруари го пречекува Алборг во Битола.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостадинов: На претседателските избори ќе се повтори резултатот од претходните со победа на Пендаровски
Следно соопштениеПрилагодувани биле тендерските услови во РЕК за Марковски да го добие рекордниот тендер од 46 милиони евра- досега државата на оваа фирма и дала 163 милиони евра или половина од парите за когенеративна централа