РК Еурофарм Пелистер – Одлучи моќното данско второ полувреме, пелистерци загубија од полетниот ГОГ Гудме

58
РК Еурофарм Пелистер – Одлучи моќното данско второ полувреме, пелистерци загубија од полетниот ГОГ Гудме

Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме 28-31 (14-14)

Еурофарм Пелистер тргна максимално мотивирано и без нималку респект против данскиот вицешампион ГОГ Гудме. Избраниците на Рубен Гарабаја доминитаа по 20-тина минути игра, но во продолжение дојде до неочекуван пад во играта. Еурофарм Пелистер во два наврати имаше „плус“ пет на семафорот во првото полувреме и последен пат тоа беше при резултат 10-5. Сепак, ГОГ Гудме направи серија од 2-6 во завршната фаза од првиот дел и на пауза замина со 14:14.

Гостите од Данска продолжија во ист ритам и постигнаа уште три гола во низа на стартот на вториот дел, па многу брзо се одлепија и на „плус четири“, по што стана јасно дека моментумот се префрлува во противничкиот табор. И покрај тоа, Пелистер не се откажа и се врати на минимална негатива од 23-24, но тоа беше последна ваква фаза од мечот, бидејќи домашните ракометари останаа и без енергија во финишот. ремето полека истекуваше и стана јасно дека гостите ќе ги освојат бодовите, па на крајот тоа го направија со резултат 28-31.

Неверојатна партија имаше гостинското крило Фредерик Бјере кој имаше максимални 13 од 13 гола, а Дејан Манасков кај битолчани даде девет. Кај голманите Салах Бутаф од ГОГ забележа осум интервенции, додека дуото на пелистерци Митревски-Хаидаридад забележаа по три.

Ракомет
Лига на шампиони
Група Б – трето коло

Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме 28-31 (14-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.200
Судии: Андреу Марин и Игнасио Гарсија (Шпанија)

Еурофарм Пелистер:
Хаидарирад, Митревски, Манасков 9, Кузмановски 8, Пешевски 3, Хосни 3, Тајник 2, Павле Атанасијевиќ 2, Радивојевиќ 1, Цехте, Хекберт, Калес Валид, Хенигман, Калајџиецски, Петар Атанасијевиќ, Хаџиќ
Седмерци: 6/5
Исклучување: 8 минути

ГОГ Гудме:
Бутаф, Јоханесон, Бјере 13, Лике 9, Митун 4, Н. Педерсен 2. Вилхемсон 2, Линдског 1, К. Педерсен, Јакобсен, Расмунсен, Балштад, Далби, Килделунд, Тонесен
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 4 минути

Во следното четврто коло од групната фаза Еурофарм Пелистер гостува кај Висла Плоцк на 8 октомври.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостовски: Поставуваме нови стандарди со тим кој ќе донесе нови проекти за Бутел
Следно соопштениеЗдруженијата од правосудството, наместо да се гласни и да бараат само повисоки плати, нека почнат постапки за корумпираните колеги