РК Еурофарм Пелистер – Охрид е пионерски шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер 2 загуби во финалето

37
РК Еурофарм Пелистер – Охрид е пионерски шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер 2 загуби во финалето

Пионерскиот тим на Охрид се државни прваци, откако во финалето го совлада Еурофарм Пелистер 2 со конечни 21-12 (10-6). Охриѓани беа најдобри на турнирот што се одржа во Битола, а овој тим го даде и најкорисниот играч (МВП) – Илија Трајчески, кој постигна вкупно деветнаесет погодоци.

Во мечот за третото место Вардар 1961 го надигра Алкалоид со 24-18.

На отворањето на турнирот во Битола, младите пелистерци го совладаа Алкалоид со сигурни 19-15, а Охрид беше подобар од Вардар 1961 со 33-20.

МВП: Илија Трајчески (Охрид)
Најдобар стрелец: Илија Трајчески (Охрид) – 19 гола
Најдобар голман: Симон Јованоски (Охрид)

Идеален тим:

Голман: Симон Јованоски (Охрид)
Лево крило: Илија Трајчевски (Еурофарм Пелистер 2)
Лев бек: Илија Трајчески (Охрид)
Среден бек: Јован Спироски (Охрид)
Десен бек: Никола Никчевиќ (Вардар 1961)
Десно крило: Марко Ѓорѓиевски (Алкалоид Ракомет)
Кружен напаѓач: Димитри Колески (Охрид)



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСудиите избрани од Зајас и Муртино сеуште слугуваат на СДС и ДУИ, реформи мора да има
Следно соопштениеРешение за свикување на педесет и првата седница  на Советот на општина Струмица