РК Еурофарм Пелистер – Охрид се испоти да дојде до бодовите против младите борбени пелистерци

59
РК Еурофарм Пелистер – Охрид се испоти да дојде до бодовите против младите борбени пелистерци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпееа вториот пораз во сезоната во Суперлигата. Иако силно го намачија засилениот Охрид, сепак потклекнаа во драматичниот финиш и загубија со три разлика. Младите пелистерци натпреварот пред својата публика го започнаа во грч, со многу технички грешки во фазата на напад и Охрид замина на +4. Но, благодарение на одбраните на Јовановски и головите на Мохамед Азис и Баптист Одифред до одмор се доближи до само -1.

Двете екипи многу грешеа во вториот дел, а клучен момент беше повредата на Баптист Одифред, кој својот натпревар го заврпи во 47. минута. Сепак, победникот се решаваше во последните три минути. Пред крајот на 57. минута, Еурофарм Пелистер 2 беше на само еден гол негатива (22-23), дури имаше и напад, но до крајот не успеа да постигне гол, па Охрид со два во низа стигна до победата, втора во досегашниот дел од сезоната.

Кај битолскиот тим се истакнаа Мохамед Азиз со девет и Одифред со шест погодоци, а кај Охрид најефикасни беа крилата Ѓукиќ со девет и Ојлески со седум гола.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Четврто коло

Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 22-25 (11-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 800
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Фехми. Младенов, Маркоски 2, Гичев, Даневски, Митревски 1, Шулевски 1, Лазаревски, Димитровски, Славков, Белистојановски 1, Дрогришки 2, Ѓорѓиевски, Мохамед Азиз 9, Баптист Одифред 6
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 8 минути

Охрид:
Чаневски, Блажески, Ѓорѓески, Стрмљан 2, Ојлески 7, Иванковиќ 4, Кукуловски, Вејин 1, Шипинкоски, Тасески, Реј Моралес, Савревски 1, Љиапис, Петриќ 1, Цирар, Ѓукиќ 9
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути

Во следното петто коло, веќе в среда, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Бутел Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Резолуцијата јасно ги дефинира црвените линии, партиите да покажат зрелост
Следно соопштениеКандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници се личности, партнери на граѓаните, затоа настапуваме со слоганот „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“