РК Еурофарм Пелистер – Осум пелистерци нв поширокиот список за Естонија и Литванија

65
РК Еурофарм Пелистер – Осум пелистерци нв поширокиот список за Естонија и Литванија

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за претстојните натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство во јануари 2026 година. На списокот со 35 имиња се наоѓаат осум ракометари на Еурофарм Пелистер: Никола Митревски, Петар и Павле Атанасијевиќ, Самоил Ристевски, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Ненад Костески и Емилијан Ѓорговски.

Во рамките на машката ЕХФ недела, машката сениорска селекција ќе ги оддигра натпреварите од петтото и шестото коло во квалификацискиот циклус против репрезентациите на Естонија на гости и против Литванија на домашен терен.

Македонија има една победа и три порази по првите четири кола од групата.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ: Откако беше фатен жив, Тошковски мораше да го признае скандалот со братот на Стефковски – треба да си даде оставка
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер со две убедливи победи се пласира на Ф4 на Купот на Македонија