РК Еурофарм Пелистер – Осум ракометари на Еурофарм Пелистер на поширокиот список за баражите против Фарски Острови

105
РК Еурофарм Пелистер – Осум ракометари на Еурофарм Пелистер на поширокиот список за баражите против Фарски Острови

Селекторот на машката ракометна селекција Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за бараж натпреварот против селекцијата на Фарски Острови за пласман на следното Светско првенствo. Од таборот на Еурофарм Пелистер повикани се: Марко Кизиќ, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Цветан Кузманоски, Петар и Павле Атанасијевиќ, Марио Танкоски, Емилијан Ѓорговски.

Машката сениорска селекција првиот натпревар од баражот ќе го оддигра на гостински терен на 8 мај со почеток во 20:00 часот , а ревашот е закажан за 12 мај во СЦ „Борис Трајковски” со почеток во 19:00 часот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: На 8 мај масовно граѓаните да излезат и да гласаат за иднината на Македонија, да не дозволат анахрони сили како Ковачевски да не влечат во минатото
Следно соопштениеКовачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети