РК Еурофарм Пелистер – Овче Поле беше само спаринг партнер, Еурофарм Пелистер 2 со лесна Куп-победа

134
РК Еурофарм Пелистер – Овче Поле беше само спаринг партнер, Еурофарм Пелистер 2 со лесна Куп-победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја прескокнаа првата пречка во Купот на Македонија и се пласираа за четвртфиналните групи на најмасовното натпреварување. Тимот на Михаил Петровски извојува победа против прволигашот Овче Поле со 48-23.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Симон Мирчевски со дванаесет и Алем Хаџиќ и Марко Димовски со по осум гола. Кај Овче Поле, Бојан Гичев беше стрелец на единаесет гола.

Ракомет
Куп на Македонија 2023/24
Прво коло

Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23 (21-8)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Глеедачи: 500
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски

Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Младенов, Маркоски, Талевски, Ристевски 2, Митревски, Мирчевски 12, Димовски 8, Блажевски 3, Трпчевски, Калајџиовски, Пецаковски 7, Ивановски 7, Белистојановски, Мијушковиќ 1, Хаџиќ 8
Седмерци: /
Исклучувања: 8 минути

Овче Поле:
Петков, Коцевски 4, Тодоровски, Гичев 11, Минов 3, Димчевски 1, Цековски 1, Динев, Стаменков 3, Стефановски, Ристовски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: /

До крајот на полусезоната Еурофарм Пелистер 2 има уште едно суперлигашко гостување, против тимот на Куманово.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМаричиќ за МИА: Блокадата на нашите европски интеграции има име и презиме, тоа е ВМРО ДПМНЕ
Следно соопштениеВозилото на убиениот Панче било внесено во Скопје на 24 ноември и било 3 дена возено без да биде сопрено и легитимирано, затоа што немало централна објава по возилото