РК Еурофарм Пелистер – Парична награда за младинската екипа на Еурофарм Пелистер од Министерството за спорт

57
РК Еурофарм Пелистер – Парична награда за младинската екипа на Еурофарм Пелистер од Министерството за спорт

Министерството за спорт донесе одлука да ги награди ракометарите на Еурофарм Пелистер, младинска екипа, со парична награда од 1,5 милиони денари за пласманот на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.

Еурофарм Пелистер го освои првото место на турнирот во Букурешт пред неполни два месеци и ќе се бори за европската титула со ГОГ Гудме, Барселона и Веспрем. Во полуфиналето на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген, Еурофарм Пелистер ќе се сретне со ГОГ Гудме.

Клубот се заблагодарува на наградата и ветува дека достојно ќе ја претставува Битола и Македонија на „фајнал-фор“ турнирот следниот месец.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Македонија стагнира, Црна Гора и Албанија брзо чекорат кон ЕУ
Следно соопштениеФилипче: Владата го заобиколува Законот за јавни набавки, компаниите кои ќе работат се предодредени