РК Еурофарм Пелистер – Пелистерци потклекнаа во вториот дел и вторпат во плеј-офот загубија од Охрид

104
РК Еурофарм Пелистер – Пелистерци потклекнаа во вториот дел и вторпат во плеј-офот загубија од Охрид

Охрид – Еурофарм Пелистер 2 26-21 (12-10)

Првото полувреме беше речиси израмнето. Екипите се менуваа во водство во повеќе наврати, се до финишот на првиот дел, кога Охрид стигна до +2, предност со која се отиде на пауза. Во вториот дел охриѓани ја заиграа препознатливата цврста одбрана.

Еурофарм 2 Пелистер во продолжението тешко го наоѓаше патот до голот на расположениот Миленковиќ, предноста на Охрид се зголемуваше. Домаќинот рутински го приведе мечот до крај, а Пелистер успеа да го намали поразот, втор од Охрид во разигрувањето.

Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (осмо коло)

Охрид – Еурофарм Пелистер 2 26-21 (12-10)

Спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид
Гледачи: 1.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Охрид:
Миленковиќ, Василевски, Речкоски, Цејовиќ, Рустамов, Дрогришки 1, К. Андоноски 1, Д. Андоноски 3, Ристески, Тасески, Вјештица, Шешиќ 3, Каракоч 1, Бојаниќ 5, Цирар 12
Седмерци: 7/6
Исклучувања: /

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Јовановски, Ангелески, Бошњак, С. Ристевски 3, Димовски, Димитровски 3, Талевски, Ивановски 4, Буторац 1, Белистојановски 2, Х. Ристевски, Мијушковиќ 4, Блажевски 2, Петровиќ 2
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 8 минути

Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува тимот на Бутел Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеТрајков: Македонија беше пример за одлично организирана економска дипломатија и тоа се чувствува и денес, но за жал актуелната власт тоа го сведе на минимум
Следно соопштениеЧестика на Миле Зечевиќ – Вардарски: Со верба и добри дела да ја поттикнеме сплотеноста и да го зајакнеме општество