РК Еурофарм Пелистер – Пелистерци со убедлива победа го отворија Меѓународниот турнир во Струга

12
РК Еурофарм Пелистер – Пелистерци со убедлива победа го отворија Меѓународниот турнир во Струга

Еурофарм Пелистер – Струга 39-22 (18-14)

Еурофарм Пелистер со убедлива победа над домаќинот на турнирот екипата на Струга го отвори 52. Меѓународен Струшки турнир на отворено.

Екипата на Струга имаше сили само за половина полувреме, и одржуваше добар резултата, а потоа “пелистерци“ со серија голови се одлепија и ја најавија победата. На полувреме беше 18-14. Во вториот дел Струга успеа да постигне само еден гол во подолг период, а Еурофарм Пелистер дојде на +10 (25-15). До крајот Еуеофарм Пелистер само ја зголемуваше предноста до конечни 39-22.

Тренерот Ангеловски им даде шанса на сите ракометари во ростерот, а Петар Атанасијевиќ беше најдобар стрелец со шест постигнати гола.

В петок во клучниот натпревар за место во финалето Еурофарм Пелистер ќе се сретне со грчки ПАОК.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСпасовски и СДС дозволија за 8 години мафијашките банди толку да зајакнат и да се препукуваат по улици, институциите ќе ја подигнат безбедноста на повисоко ниво
Следно соопштениеПРОДОЛЖУВА АСФАЛТИРАЊЕТО ВО НАСЕЛБАТА НЕДОПИРЛИВИ