РК Еурофарм Пелистер – Пешевски: Овој натпревар е добра шанса за еден нов почеток (ВИДЕО)

135
РК Еурофарм Пелистер – Пешевски: Овој натпревар е добра шанса за еден нов почеток (ВИДЕО)

Во потрага по првата победа од групната фаза на СЕХА Гаспром лигата, Еурофарм Пелистер утре попладне од 18:00 часот ќе ја пречека Војводина. Дуелот доаѓа 48 часа по натпреварот против Мотор, па за очекување е поинаков ритам и измени во ростерот на Ларс Валтер.

Ненад Костески

(РК Еурофарм Пелистер)

Имаме само еден ден за да се подготвиме за натпреварот со Војводина во СЕХА лигата. Треба да заборавиме тоа што се случи против Мотор Запорожје, да ги подигнеме главите и да покажеме добра игра и добар натпревар. Ништо не е загубено оваа сезона, има уште многу да се игра. Ја повикувам публиката да дојде да нè поддржи и на крај сите заедно да се радуваме на нова победа.

Жарко Пешевски

(РК Еурофарм Пелистер)

Војводина е квалитетна екипа, составена од искусни домашни ракометари. Овој натпревар ни доаѓа во лош момент, но може добро да ни дојде за да ги залечеме раните и да биде еден наш нов почеток. Едно будење во кое ќе се подигнеме самите и ќе забележиме поволен резултат, не само на таа средба туку и на натпреварот што нè чека во Суперлигата против Пролет.

Во првите две кола Еурофарм Пелистер загуби во Нови Сад и во Нашице.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеОколу 650 милиони евра од автопатите ќе завршат кај македонски компании ВМРО-ДПМНЕ е против изградба на Коридорите 8 и 10Д
Следно соопштениеНОВ УСПЕХ НА ЖМХ