РК Еурофарм Пелистер – Петровиќ: Завршија лошите резултати, сега ќе отпочнеме позитивна серија (ВИДЕО)

141
РК Еурофарм Пелистер – Петровиќ: Завршија лошите резултати, сега ќе отпочнеме позитивна серија (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Македонија, Пелистер го осѕвари првиот триумф на официјален натпревар оваа сезона откако денеска го совлада Мулти Есенс со 40-22. Победникот беше најавен уште во почетните минути, а на паузата битолскиот состав водеше со 20:11. Слична беше сликата на теренот и во вториот дел, па затоа и вторите триесет минути завршија со идентичен резултат.

Младите Петровиќ и Атанасијевиќ по натпреварот зборуваа за импресиите од дуелот со новиот суперлигаш.

Павле Петровиќ

(РК Еурофарм Пелистер)

Имавме лоша серија и во двете натпреварувања, но сега со оваа победа планираме да почнеме поззитивна серија на резултати. Имавме повреди и лошо игравме заради тоа што сме нова екипа и ни треба малку време. Мислам дека заврши таа лоша серија и ќе продолжиме во овој стил. На мојата позиција игра искусен ракометар и кога ќе добијам прилика треба максимално да ја искористам, па макар биле и пет минути.

Петар Атанасијевиќ

(РК Еурофарм Пелистер)

Ја почнавме сезоната лошо, со четири порази по ред. Оваа победа против Мулти Есенс и мислам дека вака ќе изгледаат останатите натпревари и вака ќе се радуваме. Како млад ракометар секогаш треба да го дадеш максимумот. Така е во домашното првенство, а секако и во Европа, каде играш против легенди како Карабатиќ, Хансен. Нормално е да имаше мотивација да се покажеше во подобро светло.

Во рамките на третото коло на Суперлигата, веќе в сабота Еурофарм Пелистер го пречекува Голден Арт.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеАко е толку очајна ситуацијата како што СДС вели, нека закаже избори, па тогаш ќе видат колку поразени ќе бидат
Следно соопштениеМицкоски е бледа копија на Груевски, распадот на ДПМНЕ е поради суети и големо внатрешно незадоволство