РК Еурофарм Пелистер – По една година Каспер Кисум заминува од Еурофарм Пелистер

126
РК Еурофарм Пелистер – По една година Каспер Кисум заминува од Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката. Во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 ќе настапува за друг клуб. 31-годишниот лев и среден бек остави силна трага во дресот на нашиот клуб и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона.

Кисум во првиот дел од сезоната постигна 12 голови во Лигата на шампионите, а редовно го носеше зелено-белиот дрес и во Суперлигата. Со неговата професионалност и неспорен квалитет клубот доби големи придобивки во неговиот едногодишен престој во Битола и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за Каспер Кисум.

РК Еурофарм Пелистер му посакува приватни и професионални успеси на Каспер Кисум.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеТренчевска од трибината во Гевгелија: Се грижиме за ранливите, со новите мерки до 10.000 денари поддршка во наредните 5 месеци
Следно соопштениеСпасовски е неспособен и систем за вадење на лични документи да организира, народот во ред чека на минусни температура