РК Еурофарм Пелистер – Полјаците подобри во фестивалот на грешки, Еурофарм Пелистер поразен од Висла

58
РК Еурофарм Пелистер – Полјаците подобри во фестивалот на грешки, Еурофарм Пелистер поразен од Висла

Еурофарм Пелистер го претрпе деветтиот пораз на единаесеттиот натпревар во Лигата на шампионите, овојпат од екипата на Висла Плоцк која вечерва славеше со 25-28.

Македонскиот првак почна лошо и првиот гол го постигна по шест миниути игра кога бркаше негатива од 0-3, па во таква насока продолжи и останатиот дел од првото полувреме, кое Пелистер го заврши со негатива од 9-13..

Гостинскиот тим си создаде солидна предност и истата продолжи да ја гради со 15-20, а тогаш следеше најдобрата серија на домашниот тим. Еурофарм Пелистер успеа да се приближи на само минус еден со серија од 4-0, но кога требаше да направи завршен исчекор кон пресврт, едноставно снема сила и енергија во домашниот табор. Висла Плоцк одново се дистанцираше и стигна до комотна предност, па на крајот заслужено славеше со 25-28 за прва победа во Битола.

Најпрецизни кај победничкиот тим беа Митја Јанц со седум и Герго Фазекаш со шест гола, додека по четири погодоци за Еурофарм Пелистер постигнаа Тајник, Петар Атанасијевиќ и Пешевски. За полскиот тим ова е седма победа во Лигата на шампиони, додека Еурофарм Пелистер остана на две на три кола пред крајот.

Ракомет
Лига на шампиони 2025/26
Б група
11. коло

Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк 25-28 (9-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.300
Судии: Томас Барисас и Павлис Петрусис (Литванија)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Брестовац, Тајник 4, Пет. Атанасијевиќ 4, Пешевски 4, Кузмановски 3, Манасков 2, Видомски 2, Хакбарт 2, Пав. Атанасијевиќ 2, Хенигман 1, Хосни 1, Ристевски, Радивојевиќ, Абутовиќ
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 8 минути

Висла Плоцк:
Бергеруд, Алиловиќ, Јанц 7, Фазекаш 6, Ричардсон 5, Давидзик 4, Дашек 1, Шушња 1, Зарабец 1, Крајевски 1, Илиќ 1, Зита 1, Срочик, Самолиа, Михиќ, Косоротов
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 12 минути

Во следното 12. коло Еурофарм Пелистер гостува кај првакот на Данска – ГОГ Гудме.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеНаместо празните ветувања од СДС, работниците добија реално повисоки плати, приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е стабилна економија и раст на платите
Следно соопштениеМицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, независната кандидатка за јавен обвинител