РК Еурофарм Пелистер – Полјакот Видовски нов член на Еурофарм Пелистер, потпиша договор на две сезони

59
РК Еурофарм Пелистер – Полјакот Видовски нов член на Еурофарм Пелистер, потпиша договор на две сезони

Од следната сезона нов член на нашето ракометно семејство ќе биде полскиот десен бек Анџеј Видомски. Овој 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор со шампионот на Македонија и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.

Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе во полската Суперлига. Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина.

Видовски ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ВРАЌААТ ОД СТРАНСТВО
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер како првопласиран влегува во плеј-офот